April 28, 2024, 11:02 am

НЕЛИ АЈРО ЌЕ ГО ПОДОБРУВАВТЕ: Средствата од буџетот наменети за екологија и подобрување на квалитетот на воздухот владата на СДС ги намали!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчеравечер во емисијата „Топ Тема’’ на Телма ТВ помеѓу другото се дебатираше за буџетот на владата. Се доведе заклучок дека за делот од буџетот за екологија се одвоени 5 проценти.

Целокупната политичка кампања на локалните избори на СДСМ се сведуваше на чист воздух екологија повеќе зеленило и здрава животна средина. СДСМ ветуваше почист воздух и здрава животна средина а само 5 проценти од планираниот буџет се издвоени за градежништво, транспорт, комуникација и екологија.

Со намалувањето на температурите воздухот во Скопје станува опасен по живот. Најзагадено во скопските населби очекувано е да биде во текот на вечерните часови.

Вчеравечер во Скопје на некои места загаденоста беше над 8 пати над дозволеното.

Наместо дозволените 50 микрограми на еден метар кубен, граѓаните на Карпош и Лисиче дишеа околу 180 или повеќе микрограми на кубен метар на суспендирани честици.

Во Тетово пак, нивото на суспендирани штетни честици беше 198 микрограми на кубен метар.

Од друга страна за зголемувањето на загадувањето на воздухот ќе придонесе  и новата мерка на владата за покачување на акцизата на дизелот за 3 денари. Тоа ќе доведе до поскапување на нафтата и населението што се греело на нафта ќе треба да бара алтернативно решение кое ќе биде  поевтино.  Луѓето ќе бидат приморани да најдат друг начин на греење како дрва и останати работи кои дополнително ќе го загадат воздухот имајќи предвид дека се користат гуми и други видови на штетни материјали кои го загадуваат дополнително воздухот.

Државата исто така не нуди алтернативни решенија на граѓаните со цел да им помогне на тој план.

СДСМ ветуваше почист воздух и здрава животна средина а само 5 проценти од планираниот буџет се издвоени за градежништво, транспорт, комуникација и екологија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This