April 28, 2024, 11:37 am

НЕЛОСКИ ПОВИКА ДА ЈА СПАСИМЕ ЗЕМЈАТА ОД УЗУPПAЦИJA: Да излеземе на избори и да ја ослободиме земјата од Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски, во вечерашното гостување во дебатната емисија „И што сега“ на МРТ, посочи дека граѓаните мора да излезат на претседателските избори доколку не сакаат наместо во Македонија да живеат во Заевистан.

Имено тој посочи дека кандидатот за претседател на СДСМ ќе биде избран директно од Зоран Заев, недемократски со што Македонија целосно ќе биде узypпирана од Заев кој покрај Владата и сyдството, сега под целосна контрола ќе го има и претседателот.

Во однос на состојбата во државата, токму поради ова што го кажав. Јас не би го искористил зборот монархија, јас би го искористил зборот Заевистан. Се со цел Македонија да не стане Заевистан и да немаме комплетно yзyрпирање на Зоран Заев покрај Владата, судството и претседателот на државата кој што ќе биде под негова контрола, граѓаните е потребно да излезат на претседателските избори, да ја поддржат Гордана Силјановска, ако сакаат во оваа држава да почне конечно да се почитува Уставот и законите, а не како што го прави тоа секојдневно СДСМ. Значи не може да кажете вие дека ќе биде кандидат на сите граѓаните, односно претседател нивниот избор кога гледаме дека премиерот за едни е мајка за други е маќеа, за едни кои се согласуваат со него судството е независно и имаме за жал судски одлуки во нивна корист, како случајно се погодува сите кои што немаат исто мислење со Зоран Заев или да се осудени или да имаат многу процеси против нив, потенцираше Нелоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This