АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕДУРИ СЕ ПРЕМНОГУ ДОЛГИ: Нема абер од гасификација на гинекологија Чаир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година се влече проектот за гасификација на гинекологија Чаир. Иако во февруари минатата година министерот за здравство Венко Филипче најави дека специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир ќе го промени начинот на греење од мазут на гас од следната сезона, до денеска нема ни “Г“ од гасификација на истата. Филипче денеска на новинарско прашање изјави дека административните процедури биле навистина долги.

Во однос на постапката за гасификација во гинекологијата во Чаир, Филипче рече дека административните процедури, во однос на проектирањето, на ревизијата на проектот во однос на добивањето на дозволи па воведувањето во работа биле навистина долги и верува дека економскиот оператор за рекордно време ќе го заврши тој процес. Додаде дека од технички аспект ќе се обезбеди целосна гасификација на болницата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This