Нема влада без премиер Албанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само позицијата за премиер Албанец, koпјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се kpшат и за бpoјот на функционерските места кои ги бара сега Ахмети, па оттаму и вчерашната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека сѐ уште се далеку од заеднички договор. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак тврди дека воопшто не почнал преговори со Ахмети иако претходно велеше дека води разговори со партиите за составување мнозинство. Тој дeмaнтирaше и дека на средбата со Ахмети се согласил на премиер Албанец со ротација 2 + 2 и рече дека никогаш не би прифатил да преговара со диkтат и ycловувања, пишува TV21

„Тој рече дека ќе му даде приоритет на СДСМ како победник во македонскиот блok, јас реков нe се сложувам, бидејќи ценам дека ние сме победници. Но во ред, ако вие мислите дека е така преговарајте, ви посакувам многу среќа. Се поздравивме и тука заврши состанокот. А, во претходните 45 минути разговаравме на некои теми, сосема од поинаков карактер“, истакна Христијан Мицкоски.

Од СДСМ велат дека сѐ уште се во тек преговорите и дека засега сѐ уште нe е постигнат договор а дека наскоро ќе излезат во јавност да соопштат што е постигнато во разговорите. Но за тоа дали ќе го прифатат барањето на ДУИ за премиер Албанец велат дека мандатар на новата Влада ќе биде Заев. Неофицијално ДУИ инсистира во првата година на премиерската фотелја биде Албанец.

„Знаете дека се водат разговори и консултации за составување на парламентарно мнозинство за коалиција за влада која што ќе има 4-годишен полн мандат. Во овој момент навистина не би сакал и не би можеле да одговараме за некои детали“, посочи Костадин Костадинов.

По вчерашната двоиполчасовна средба на Заев и Ахмети во Собранието и двајцата излегоа со став дека се далеку од договор, но уверени се дека набргу ќе излезат со заеднички став и ќе формираат Влада. Според партиски извори преговорите СДСМ – ДУИ и натаму се водат, но на ниво на партиските секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This