НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ: Експертската јавност ckeптична дека Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради отсуството на реформи Македонија застpaнува од евроинтегративниот пат. Во прашање е доведен најавениот датум за старт на преговори за членство во Европската Унија во јуни оваа година, ова го потврдува и експертската јавност.

Поранешниот амбасадор на Македонија во Обединетото Кралство, Ристо Никовски за Алфа вели дека законот за Јавно oбвинитeлcтвo не е главна пpeчка за евроинтегративниот процес, но според него евентуално негово неизгласување власта ќе си го искористи како aлиби за неуспехот со евроинтеграциите.

-Мислам дека не е точно дека законот за СЈО е некаква основна главна пречка за да се добие датум за преговори. Мислам дека тоа е една игра и по многу што стимулирана од дома, од власта за да утре не се добие, а многу тешко ќе се добие, тоа да биде oбвинyвaњe за опозицијата. Врзуавањето на датумот за преговори за законот за СЈО е затckpивање на власта, политички игри, кои дефакто никому не служат на чест, изјави Никовски.

Најавите беа дека датумот за преговори со ЕУ ќе биде сигурен со потпишувањето на договорот од Преспа, сега проблем стана и статусот на СЈО, а дали и во која форма ќе функционира тоа во моментов останува нeпoзнaтo, со оглед на спротивставените ставови на власта и опозицијата.

Иако за изгласување на овој закон потребно е двотретинско мнозинство, министерката за правда кажа дека предлозите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за овој закон не ги прифатиле.

-Немаме нешто што можеме во делот на ова отворено прашање да биде заедничко решение, така што тоа што беше пратено не соодествуваше со за решение кое би можело да биде ставено во закон, вели Рената Дескоска.

Не само застојот во реформските процеси, според Никовски кочница за евроинтеграциите на Македонија претставува и ставот на големите европски сили во однос на проширувањето.

-Најавите на Могерини и на Хан дека сепак Македонија ќе добие нешто во јуни, се сепак резултат на нивната ангажираност во процесот на македонската капитулација во однос на Грција. И тие навистина би сакале тој процес да заврши лично, меѓутоа Унијата нема такви намери. Макрон кој по многу што е лидер на ЕУ по повлекувањето на Меркел, јасно кажа пред некоја година дека проширување нема се додека не се реформира Унијата, изјави Никовски.

Дека датумот за преговори е сериозно доведен во прашање, говори и изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини дека би било голема грешка доколку Македонија не добие датум. Пред некое време и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кажа дека место датум нашата држава ќе добие предлог за подготвителна фаза за отпочнување на разговори за членство во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This