НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА СКАНДАЛОТ ВО МО: Партиски членови и високи офицери вмешани во скандалот со ширење на лажни вести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И по поминати неколку недели по објавувањето за скандалот со ширење на лажни вести од страна на припадници на Армијата на Република Македонија се уште никој не превзема одговорност. Имено мега скандалот го разоктрки тимот на белгискиот истражувач Мартен Шенк кој покажа дека во случајот со Куманово не се работи за вештите тинејџери од Велес кои брзо дошле до лесна заработувачка пред претседателските избори во САД. Овој случај отвора и други безбедносни прашања во македонската армија и полиција.

Се работи професионалниот војник Слаѓан Бојковски кој според нашите информации е партиски активист на СДСМ во Куманово, а според Шенк во случајот е вмешан и висок офицер на воената служба за безбедност, мајорот Марјан Златановски.

Ниту министерството за одбрана, ниту пак министерката за одбрана Радмила Шекеринска не одговорија дали наводите кои ги објави белгискиот истражувач се точни. Одговор нема ни на прашањето дали е спроведена истрага за случувањата во кои се вмешани професионален војник и висок офицер.

Според Информациите до кои стигна Инфомакс, мајорот Златановски во моментов е испратен на мисија во БиХ. За тој да може да оди на мисија на АРМ мора да биде спроведена безбедносна проверка, која доколку наводите на Шенк се точни тој во никој случај не би ја поминал.

Прашањата на кои МО се уште не одговори се следни:

  • Дали е спроведена истрага во редовите на МО и дали наодите на медиумите во кои се спомнува мајорот Марјан Златановски и војникот се вистинити?
  • Доколку наводите се точни, што е превземено против лицата? Дали е покрената дисциплинска или друга постапка?
  • Со оглед на тоа што до нас пристигнаа информации дека мајорот Златановски Марјан е испратен на мисија во БиХ, дали е спроведена безбедносна проверка и кој од раководителите во военат служба за безбедност ќе понесе одговорност?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This