НЕМА УНИФОРМИ ЗА ПОЛИЦИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Вчерашната посета на Заев во Прилеп ја обезбедуваа полицајци во фустани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По социјалните мрежи се шири скандалозна фотографија која покажува во каква очајна состојба се наоѓаат полицајците во Прилеп, додека началничката Емилија Велковска го величи Заев на социјалните мрежи

Имено на фотографијата може да се забележи полицајка која е на службена должност без потребната опрема. Според информациите со кои располагаме фотографијата е направена во градот Прилеп, каде во текот на вчерашниот ден имало зголемено полициско присуство поради посетата на Заев, но немало доволно униформи за сите полицајци, па дел од нив биле принудени облечени во цивилка да го обезбедуваат Заев.

Почнувајќи со специјалци кои се прераспределени да работат како обични полицајци поради несогласувањата со командантите за поставување на командири според етничка припадност.  Дали поради фактот што криминалот зема замав, имаме неразрешени убиства и случаи на физичко насилство, кражби, или пак поради фактот што полицијата како никогаш досега непрофесионално си ја врши должноста, одговорноста е целосно на министерот Спасовски.

Пред само неколку недели се случи прекумерна употреба на сила кон демонстрантите кои мирно протестираа против промена на името. Тогаш беа употребени шок бомби и солзавец на жени и деца како и на постари лица. Минатиот пак викенд слично како рацијата која се случи зимоска,специјалци со полна опрема и автоматско оружје и жива муниција правеа рација на летните дискотеки, надвор од сите прописи во министерството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This