April 30, 2024, 10:42 pm

НЕОГРАНИЧЕН ПOЛИTИЧКИ ПPOГOH: СЈО ќе добие неограничен мандат без ограничување за поднесување на oбвинeниja!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите неколку месеци се погласни беа најавите за продолжување на мандатот на СЈО, но по се очигледно наместо тој да биде продолжен ќе биде неограничен. Во превод во Македонија добиваме партиско обвинителство со неограничен мандат, за неограничен политички прогон на противниците на политиките на Заев, за нивно уценување и млатретирање се со цел спроведување на во најмала рака погубните политики на СДСМ. Спроведување на промената на името, уставот, анти националните и анти државните политики за чие спроведување Зоран Заев беше донесен на власт.

Имено дознаваме дека со новиот предлог-законот за Специјално јавно обвинителство, објавен од Министерството за правда, Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како што е официјалното име на ова обвинителство, се трансформира во Специјално јавно обвинителство и се укинува членот 22 од досегашниот закон за краен рок за покренување обвинение.

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“, гласи членот 22.

Тоа значи дека Заев дополнително ја зголемува својата контрола врз правосудниот систем кој изминативе две години го користи за пресметување со најголемата опозициска партија се до крајната цел, забраната за нејзино политички дејствување. Имено токму ова во неколку интеврјуа и изјави го посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој потенцира дека глвната цел на власта е забрана за битисување на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата информација ја потврди и главниот иделолог на СДСМ, професорот Фрчковски кој речиси секогаш го говори она што СДСМ подоцна го прави, а во своја неодамнешна изјава тој најави забрана за политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ како и забрана за употреба на зборот ВМРО во името на било која политичка партија во Македонија.

Со предлог-законот се дополнува надлежноста на СЈО и освен кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, СЈО ќе биде овластено и надлежно да истражува и гони: кривични дела извршени од Претседателот на РМ, поставените амбасадори и други претставници на РМ во странство и именувани лица од Претседателот на РМ, избрани или именувани функционери во и од Собранието на РМ, во и од Владата на РМ, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители на РМ, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје, и одговорни лица во политички партии против: изборите и гласањето од Глава шеснаесетта на Кривичниот законик; животната средина и природата од Глава дваесет и втора од Кривичниот законик; културното наследство и природните реткости од Глава дваесет и четврта од Кривичниот законик; јавни финансии, платен промет и стопанство од глава дваесет и петта од Кривичниот законик; државата од глава дваесет и осма; вооружените сили од глава дваесет и девета; службената должност од глава триесет од Кривичниот законик; јавниот ред од глава триесет и три од Кривичниот законик и кривично дело Неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица од член 42 од Законот за заштита на сведоци, како и кривично дело Давање на лажен исказ од член 367 став 3 и 4 од КЗ, Спречување на докажување од член 368, Незаконито влијание на сведоци од член 368 – а од КЗ, Присилба према правосуден работник од член 375, Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 од КЗ, ако овие дела се сторени во врска со постапки кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

Предлог-законот е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија. Дополнително со новиот предлог закон за СЈО се прошируваат ингеренциите на обвинителството кое сега ќе може да го гони и претседателот на државата кој е последната пречка на Заев за промена на името, Уставот, Законот за двојазичност и спроведување на своите политики спротивни на државните и националните интереси. Неограничена власт за неограничено лудило, за неограничен број на милиони од џебот на македонскиот граѓанин во широките џебови на Јанева!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This