(Не)Проверка со факти: Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање се избламира себе си

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓaните дека вакцините против коронавирусот се безбедни, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата.

Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број вакцини за да се вакцинира 60 до 70 проценти од населението, колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет.

-Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите, истакна Филипче.

Тој вели дека се шират голем број дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

Ај да провериме што кажува министерот.

Фактите сепак не одат во прилог на обраќањето на Филипче. Како граѓанин целосно го разбирам поривот на министерот на уште не дојдена и недобиена вакцина да ги убеди граѓаните да се вакцинираат.

Зачудуваат вакви видео обраќања на Министерот пред се поради три факти кои се добро познати на јавноста:

Прво – Вакцината не е добиена (можеби нарачана но сепак не е тука). Интересно е тоа што и самиот министер признава дека Македонија нема добиено вакцина, и не само тоа. Во моментов Македонија нема ниту капацитети да ја чува вакцината – Фрижидерите кои треба да ја чуваат вакцината се до нејзината инокулација што складишни фрижидери, што транспортни фрижидери се уште е ги поседува Веројатноста е како што и самиот кажува дека ќе ги добиеме дури во јануари, а вакцината дури потоа.

Второ – Вакцината и да ја добиеме, Министерот Филипче е последното стручно лице кое мене како граѓанин или повеќето граѓани ќе ме убеди дека е таа исправна за употреба. Едноставно, тоа не му е ниту стручност ниту докторат, па од таму и без потреба е правењето повеќе спотови од лицето кое ја лажеше целата јавност за инокулација на вакцина на лице во сродство – својата внука. Значи господа од министерство – намалете на пропаганда која нема ефект.

Трето – Министерот објаснува за некакви протоколи за добивање на вакцини по кои и до сега се стекнувал имунитет. Фразата „Вакцината е безбедна“ – ова е инфо од грчки или британски извори? Грчки извори – безбедна е затоа што директорот на Фајзер е грк по потекло? Имено првата пратка дози од вакцини се аплицира во Британија втора веќе отиде од произведуваот Фајзер и за САД. Но, ниту ФДА не се осмелува да ја аплицира дур не се завршат одредени протоколи (што законски што научни) за одобрување на вакцинација. Ако за Министерот е „доволно безбедна“.
Затоа министре помалце историја. Оваа вакцина за разлика од другите кои ги споменуваш, дури прв пат се аплицира масовно кај население во услови на пандемија. Прв пат е откриена исто како и болеста која и вие и целото човештво се соочило прв пат и има многу непознати кои потрудете се на поинаков начин да ги објасните.

Значи да заклучиме и повториме – вакцината е безбедна? Со капаче или без капаче министре?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This