НЕСПОСОБНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ЗЕМА ИЛЈАДА ЖИВОТИ ГОДИШНО: Повеќе од 1000 животи можат ќе се спасат доколку се намали загадувањето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секојдневното вдишување канцерогени честички значи болест, но и смрт. Повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија, предупреди Европската агенција за животна средина која во последниот извештај за ја прогласи Македонија за земја со најзагаден воздух, а заедно во група со Косово, Србија, Унгарија и Бугарија, на врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител.

Смртноста во Македонија е повеќе од двојно повисока од европскиот просек, кој е 60 прерани смртни случаи годишно на 100.000 жители. Во Македонија на 100.000 умираат 125 луѓе, говорат податоците од Светската здравствена организација.

Според Институтот за јавно здравје на Македонија пак, како последица од загадувањето годишно умираат околу 1400 луѓе. Од таму, посочуваат дека бројките се разликуваат бидејќи се користат различни методологии за пресметки.

Земајќи ја статистиката од Македонија, повеќе од 1000 животи можат ќе се спасат, доколку успееме аерозагадувањето да го доведеме до европските стандарди, вели проф. д-р Драган Ѓоргев.

Според Ѓоргев, тоа што нема тренд на намалување на смртни случаи, покажува дека, не се прави ништо конкретно и огранизирано.

Доколку хармонично и системски, сите чинители во општеството делуваат за намалување на аерозагадувањето, бројот од околу 1400 смртни случаи годишно може да се намали барем за половина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This