Неукоста на Владата, на власта, може да доведе до се подлабоко тонење во бeздната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Сега ни се оспорува јазикот. Ни се оспорува јазикот во една перфидна форма. Ние одиме во насока како што Ванчо Михајлов многу ја сака, починат е нели. Ванчо Михајлов да беше денеска жив ќе беше многу среќен бидејќи одиме кон тоа да нема веќе Македонци. Односно да нема македонски јазик како признат јазик, одиме во насока Македонија да постои како државна форма меѓутоа таа не е македонска. Тука е ризикот. Што секое постепено откажување од одредени идентитетски атрибути , ние одиме кон тоа да се обезличи Македонецот и Македонија“, нагласи Жидас Даскаловски при своеото гостување во емисија на Алфа телевизија.

Даскаловски додаде дека страшното е тоа што неукоста на Владата, на власта може да доведе до се подлабоко тонење во бездната.

„Европските преговори и можностите и на Грција и на Бугарија да не стопираат ќе бидат во сите можни поглавја, и во сите можни истанци. Дури да замислиме хипотетичка ситуација Србија да напредува побрзо од нас, Србија да влезе пред нас во ЕУ, Србија ќе најде начини да ги турка своите ставови во однос на црквата, во однос на историјата Врадарска бановина“, рече Даскаловски.

Даскаловски посочи дека ако продолжи вака власта Македонија ќе се соочи со шизофрена ситуација. Сите соседи ќе бараат нешто Македонија да даде или да се откаже од некое идентитетско обележје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This