Нешто cмpди: На границата помеѓу Македонија и Србија никнува ограда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На границата на Србија и Македонија, кај Прешево, почна поставување на ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.

Според надлежните во општина Прешево, оградата е согласно договорот со Европската унија.
– Сметаме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи, претседател на општината.
Според него, оградата индиректно придонесува во процесот на евроинтеграција, но со целосно разбирање и почитување на политичките околности.

РСЕ сепак не добиле одговор од Европската комисија ниту од Владата на Србија за прашањето дали се запознаени за подигнувањето ограда помеѓу Србија и Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This