НЕ ГО ИЗУСТУВАЈ ЗБОРОТ НА ,,С’’: Самите си ја создаваме реалноста, бојкотирај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

27 години не викаа ФИРОМ, сега уште кој знае колку ќе не викаат Република ,,С’’ Македонија. Жицата на премиерот, изгледа била само свилен гајтан, јамка околу македонизмот со цел истиот да се задуши се до неговото целосно уништување.

Тоа и е целта на зборот на ,,С’’ целосно да се заборави од каде сме дошле, што сме и што сме биле, а такви никакви нема да може ни да не биде. Токму поради тоа сега македонскиот народ ќе биде жртва на неверојатна пропаганда како домашна така и странска со цел зборот на ,,С’’ да влезе во нашите глави, да го користиме во секојдневниот говор, да го употребуваме истиот да се популаризира.

Тој најпрвин ќе почне како на шала, граѓаните ќе го користат како пежоратив, со цел исмејување со неистомислениците и власта, но тоа е опасна игра која може да доведе до популаризација на терминот и не дај боже еден ден македонците да се идентификуваат со терминот на ,,С’’.

Тоа е нешто кое ни под разно не смееме да си дозволиме, не смее да капитулираме пред еден збор и истиот да го уништи она за што со векови сме се бореле.

Нашите во 2001 не се бореле за она на ,,С’’.

Нашите во Втората Светска Војна не се борел за она на ,,С’’.

Нашите за време на Илинденското востание не се бореле за она на ,,С”.

Ниту некој некогаш се борел за тоа.

Па така на нас историјата не ни дозволува да се бориме за она на ,,С’’.

Најголемата победа на Македонците во овие 27 години беше токму неуспешниот референдум за промена на името, со што ќе остане запаметено дека се што оваа Влада прави е нелегитимно и нелегално, спротивно на волјата на граѓаните кои не дозволија промена на имет на државата.

Бојкотот го спаси македонскиот народ, ја спаси неговата чест и достоинство, но и остави простор за борбата да продолжи понатаму, а борбата наша ќе трае вечно до крајот на нашите животи, да го бојкотираме она на ,,С’’ она што е вештачки наметнато, ГМО, внесено во Уставот, законите и државните институции.

Па така со малку фудбалска аналогија, тимот што победува не се менува. Редакцијата на Инфомакс чувствува потреба да сподели со читателите дека нема да го употребува новото име на државата. Македонскиот народ има должност да го #Бојкотира зборот на ,,С’’, секаде и секогаш се додека не дојдеме на нашето. Да живее Република Македонија! Го #Бојкотирам зборот на ,,С’’.

Пишува: Редакциски колегиум на Инфомакс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This