НЕ Е ГРДА ФАСАДАТА, ГРДА Е ВЛАДАТА КОЈА УPИВA: Рекции на граѓаните по одлуката за остранување на оградата пред Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалните мрежи се води жестока дебата околу „приоритетот на Владата“ да биде урната железната ограда на седиштето на оваа државна институција, во решавањето на проблемитена граѓаните.

Еден помал дел од граѓаните, најчесто приврзаници на т.н. шарена револуција, кои не можеа да дофрлат со „бомбите од боја“ врз новата фасада на владината зграда, го поздравуваат овој потег на Владата на премиерот Зоран Заев. Ним во шарената револуција им остана нереализиран сон да ја извалкаат новата фасада на зградата на Владата „на peжимот“, како што тоа го сторија со новата фасада на зградата на Собранието, која исто така ја направи „peжимот“, но и на многу други објекти и споменици во Скопје и во другите општини во Македонија. Затоа сега се восхитуваат на „потегот на Заев“, а некои упорно бараат да се урне и да се врати старата фасада на владината зграда.

Но, далеку се побројни граѓаните, меѓу кои и приврзаници на шарената револуција кои сметаат дека ypивањето на оградата не е најважното прашање кое сега треба да го решава Владата. И дека има многу поегзистенцијални прашања за кои треба да се грижи владата на Заев и да исполни поважни ветувања од предизборниот период, со кои дојде на власт, а не со уривање на ограда која е функционална. И треба да се трошат дополнителни пари од буџетот кој го полнат граѓаните за нејзино отстранување.

– Пред неколку месеци полицијата на Заев бркаше Македонци со okлопни возила, со шок бomби, со прекумерена сила, со апceње на новинари, итн. А денес одлучија дека приоритет за Владата е тргнување на оградата пред владата, е една од праките на Фејсбук, упатена преку страницата Ние сме Македонија.

Една од пораките од граѓаните во врска со оваа одлука е: Не е грда фасадата, грда е Владата која ypива, наместо да гради!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This