Не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот во земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четириесет и осум пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји. Што значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче пред состанокот со претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во врска со мерките кои ги предложи Комисијата за заразни болести.
Соочени сме, посочи министерот, со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.
-И сега гледаме и од примерите во околните земји дека се хоспитализираат невакцинирани пациенти, што значи дека сега е вистински период граѓаните да сфатат колку е ова битно, сите чинители да дадат поддршка во овој процес за да за што пократко време се вакцинираат што поголем број граѓани за да избегнеме силно оптоварување на болниците, додаде Филипче

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This