НЕ Е НЕВКУСНА ШЕГА: Македонската дијаспора во Швајцарија со фолк забава за МПЦ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шундот и кичот достигнуваат нови нивоа во последнава година, а по отварањето на автопатот Демир Капија- Смоквица со чочек и трубачи сега македонската дијаспора во Швајцарија организира фолк забава во Лозана за МПЦ-ОА. Забавата е наречена ,,Собор на сите македонски Светители’’ и на неа ќе настапуваат фолк пеачките Ирена Спасовска и Андријана Андреевска .

Македонската дијаспора во Швајцарија ја шокираше домашната јавност со овој настан. Прашањето кое логички се поставува е дали ова е дел од некои нови црковни канони? Дали ова е дел од договорот со БПЦ со цел признавање на МПЦ-ОА, дали на некој следен настан организиран за МПЦ музички гости би биле Азис и Преслава? Во вакви клучни моменти за македонската држава и нација кога сме мета на напад од сите наши соседи со цел задоволување на нивните вековна апетити дијаспората организира патетични забави за македонската православна црква.

Предлог од нашата редакција би бил дијаспората во Швајцарија една од земјите во Европа со највисок економски стандард да започне финансиски и логистички да го помага зачувувањето на македонското име и идентитет. Да потпомогне во борбата со домашните квислинзи и странските емисари кои ја напаѓаат македонската држава од внатре и однадвор.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This