НЕ Е САМО ДО ФРАНЦИЈА: Неколку земји членки на ЕУ се пpoтив датумот за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не доаѓаат позитивни сигнали од ЕУ за Македонија. Ако треба да направам оценка денес, мислам дека најдоброто што може Македонија да го очекува е многу услови, откако ќе се исполнат тие услови дури тогаш да се отпочнат преговори некаде за година и пол до две од сега. Самата одлука за датум пак ќе се префрли за средината на следната година, како што лани се префрли за годинава, па гледаме дека се одлага, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на дневкот на телевизија Алфа.

Според него причини има неколку.

Не е само до Франција, туку тука се и неколку држави од ЕУ. Второ, владата на Заев не даде аргумент овие држави да се залагаат за поддршка на Македонија, напротив даде аргументи за да ја напаѓаат затоа што со афери како Рекет и корупција која стига до највисоко ниво не може да очекувате да добиете датум за преговори. Тука е и моментот што Македонија е ставена во иста група со Албанија која е држава со најлош имиџ во Европа. Ставањето на Македонија во група со Албанија е нешто на што ние преупредувме април минатата година е најлоша работа што може да и се случи на Македонија, рече Николоски.

Тој еклузивно за Алфа соопшти дека во разговор со министер за надворешни работи и европски прашања од една од четирите водечки земји-членки на ЕУ му било кажано дека раздвојување не доаѓа предвид зошто доколку дојде до раздвојување, ќе има вето за двете држави.

Причината зошто нема раздвојување е затоа што чувството на големите држави е дека во Македонија нема доволно реформи и дека за жал Македонија е на исто ниско ниво со Албанија на Еди Рама, потенцира Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This