Не им е до вистината: Телефонот на Боки 13 не е вештачен бидејќи во него се наоѓаат фото и видео материјали кои би можеле да послужат како докази

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно?“ гостуваше адвокатот Сашо Дуковски, кој зборуваше за случајот „Рекет“ и за непрофесионалноста на судот во врска со вештачењето на мобилниот телефонски апарат на Бојан Јовановски.

Дуковски потенцираше дека судот во ниеден момент не покажал огромен интерес за вештачење на мобилниот телефонски апарат на Бојан Јовановски, за кој самиот Јовановски вели дека има фото и видео материјали, како и преписки кои би послужиле како доказ во самата истрага.

„Бојан Јовановски тврди дека во неговиот телефон има голем број на разговори, слики и видео материјали, кои би можел да помогнат во истрагата и да разјаснат многу нешта. Сепак судот на тоа остана нем и извештачи и приложи едвај три слики од вкупно 1650 фајлови. Тоа укажува на тенденциозноста и преудицирањето во врска со целиот случај со Бојан Јовановски“, вели Дуковски.

Според Дуковски судот најверојатно добивал политички насоки на кои не би смееле да се спротивстават, па затоа и истражната процедура не е завршена до крај како што треба во интерес на осознавање на вистината и наоѓање на парите, заврши Дуковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This