НЕ ЛЕТАЈ, ЕРАТА НА ПОЛЖАВОТ НЕ Е ВЕЧНА: Неколку прашања до Никола Тодоров

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве и Никола Тодоров да го прашам пошто и за него имам неодолива желба како новинар да го прашам:

Нино дали ти го пишуваше ова или некој друг ти го пишуваше?
Дали си го прочитал прд да го објавиш?
Дали треба ете јас лично да те потцетувам за тоа колку ти не беше за вработување преку врски или за поставување на функции што преку кревет, што преку симпатии или преку кешарица?

Те прашувам бидејки истиов текст, истите зборови ги користат и кажуваат и самонаречените реформатори сите кои се нафатираа од и преку ВМРО-ДПМНЕ, ги кажуваат и оние од некаквата си квази фракција на ВМРО-ДПМНЕ, истите фрази за некакви УДБАШИ, за некакви АНТИ-НАТО И АНТИ ЕУ за некаков си недемократски амбиент во партијата и дрн дрн. А заборавате дека ВМРО е организација. А ти глумеше давање заклетва во која пишува:

„АКО ЈА ПРЕДАДАМ ОРГАНИЗАЦИЈАТА ДА БИДАМ КАЗНЕТ ОД ОВОЈ РЕВОЛВЕР И ОВАА КАМА КОИ ГИ БАКНУВАМ“

Дали треба да те потсетам дека ТИ лично беше најголемиот противник за формирање и функционирање на Унијата на ветерани за која во постот глумиш и пишувш дрн дрн јариња, ги користиш истите причини за да оправдаш формирање на Унија на ветерани кои ветераните ти ги кажуваа и те убедуваа?

Треба ли да те потсетам дека е твоја идеја за да ја уништиш иницијативата за ФОРМИРАЊЕ на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, наместо тоа беше формирањето на некаков си Совет на Ветерани во кој ти како кадровик го постави Ѓорѓи Доцев, човекот кој си има своја партија ВМРО-ГОЦЕВА и кој е суден за ВМРО во време на СФРЈ но кој нема врска со ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, а останатите нема да ти пишувам бидејки секако се шетачи те реформатори, те фракционери, те основачи, ни самите веќе незнаат што се. И сега ти продаваш такво за вакво за тоа дека во твојата ВМРО-ДПМНЕ во ИК имало тројца од Унија на ветерани?

Зошто го напушти пратеничкото место и избега? Нели, не дека знаеше, како јас што знаев за се ова што ќе се случи?

Нино, јас и ти се знаеме од времето на Студентските протести 1997 година, но ти и Филип откако ги добивте на тацна функциите особено ТИ твоите 10 годишни функции летнавте во облаци и се замисливте дека сте недопирливи, дека нешто многу сте битни, арно ама сето тоа само во вашите глави.

Во една прилика ако се сеќаваш ти кажав „НЕ ЛЕТАЈ, ЕРАТА НА ПОЛЖАВОТ НЕ Е ВЕЧНА, КРАТКОТРАЈНА Е, БИДЕЈКИ НЕМОЖЕШ ЦЕЛ ЖИВОТ СЕКАДЕ ДА СТАСУВАШ СО ЛИГАВЕЊЕ“ Епа од тогаш во твојата замислена ВМРО-ДПМНЕ (приватна компанија) нели како што рече ЗА МЕНЕ НЕМАЛО МЕСТО па си останав како и сите други кои незнаевме да се лигавиме како тебе и да КОДОШИМЕ, официјално невработени, арно ама јас сум малку повеќе ветеран од тебе и малку повеќе имам осетено од тебе политички прогони (и од комунистите, и од нашите и пак од комунистите и последно од тебе да не речам нашите пошти ти никогаш не си бил наш), па јас сеуште сум ВМРО-ДПМНЕ, а ти едноставно П…. ПРЕДАВНИЧКИ.
ЕЕЕ Нино, Нино образот е најбитната работа во животот, мојот остана образ, а твојот ЃОН.

Пишува
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This