НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ НАРЕКУВАМЕ ХРИСТИЈАНИ, ДОКОЛКУ НЕ ГИ ЗАДРЖИМЕ БОЖЈИТЕ ЗАПОВЕДИ:Што е тоа пост и зошто треба да постиме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постот е заповед Божја. Уште во Едем, Бог им заповеда на Адам и на Ева да јадат од сите дрва, освен од едно – дрвото на познанието. Значи им заповеда да постат и да не јадат од тоа дрво сè додека преку тој подвиг не станат зрели за да јадат од плодовите на тоа дрво. Меѓутоа, Адам и Ева, по наговор на ѓaвoлoт, ја искористија својата слобода за да ја прекршат заповедта Божја и застранија од патот кон совршенството, та за нив стана невозможно да стигнат до бecмртнocтa и до обожението за кое беа создадени.

Од тогаш, постот се смета за главно средство за борба против ѓaвoлoт и против сопствените слабости. Христос го нагласи значењето на постот, велејќи: „овој род со ништо не се истерува освен со пост и молитва.“

Не можеме да се нарекуваме Христијани доколку не ги држиме заповедите Божји, вклучително и оваа заповед за постот.

Да не заборавиме дека заедно со постот од храна треба да се грижиме и за постот од cтpacтитe. Во многу црковни химни и во учењето на Светите Отци, се истакнува дека постот е целосен само доколку истовремено се трудиме и за двете работа: постот од храна и постот од стpacтитe.

Така, во поглед на храната, Црквата има предвидено што да јадеме во одредени денови и во одредени периоди. За постот, пак, од стpacтитe, добро е секој да не постапува само според сопственото мислење, туку да се посоветува со својот духовник, т.е. со свештеникот кај кого се исповеда.

Светиот Василиј Велики за постот вели: „Не ја ограничувај добрината на постот само на воздржување во исхраната. Затоа што вистинскиот пост подразбира да не правиш ништо неправедно, да ги одврзеш врските на неправдата. Простете му на вашиот ближен за злoтo што ви го направи и заборавете го она што ви го должи. Вашиот пост да биде чист, без осудување и без расправии. Не може да не јадеш месо, а да го јадеш брата си. Да не пиеш вино, а да си полн со неправда. Ниту еден совет не може толку допре до душата на алчниот, колку средбата со воздржанието.“

Преподобниот Илија вели: „Некои внимаваат каква храна ќе внесат во себе, а се немарни за тоа какви зборови ќе изнесат од себе. Немаат научено да го изгонат гнeвoт од своите срца и стpacтитe од своето тело – како што вели проповедникот. Но, само на таков начин се соѕидува чисто срце кое Светиот Дух го обновува.“

Црквата става акцент на тоа да нè поттикне кон добродетелен и интензивен живот, ни открива дека целта на постот е богоцентрична, дека постот не е само телесна вежба која просто само треба да ја издржиме со гладување, туку дека постот треба да го разбираме како тријада: воздржување од храна, молитва и милостиња.

Како се пости?
Според видот на храната што се јаде, постојат четири вида на пост:

Воздржување од јадење месо – ова се случува само во месопусната седмица, пред почетокот на Великиот пост.
Воздржување од јадење месо и сите други видови храна од животинско потекло: млеко, млечни производи, јајца. Овој вид на пост се нарекува „пост на масло“, бидејќи се дозволува употреба на растително масло во храната, како и умереното конзумирање на вино и друг вид алкохол.
Пост на риба – тоа е пост на масло, но се јаде и риба.
Строг пост: воздржување од јадење не само на месо и храна од животинско потекло, туку и на употребата на масло во приготвувањето на храната. Кога е строг пост не се конзумира aлкoхoл.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This