Не по врат, по шија – Русковска тврди дека луѓето од 27.април не биле ocyдени за тepopизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицата за упадот во собранието на 27 април не се терористи и не се осудени за тероризам, тоа е сосема друго дело, рече шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска на „360 Степени“.

-Делото за кое се осудени-терористичко загрозување на уставниот поредок, можеби внесува одредена забуна како наслов, но ако се апстрахира насловот, ќе се види дека делото одговара на оваа одредба. Факт е дека имаше обид за спречување на мирното примопредавање на власта, да се спречи изборот на нов спикер. Насилството сите го видовме, кај сите нас беше предизвикан страв… – рече Русковска.

Таа посочи дека секое лице и секое дело треба да се гледа како еден дел од мозаикот на големата слика. Притоа, Рускоска посочи дека дел од осудените лица одговарале за друго дело, бидејќи така почнала постапката во скопското обвинителство пред да биде предаден предметот.

-Се фокусиравме најмногу на луѓе со маски, на оној кој носел оружје, оној кој ја поставил експлозивната направа… Во овој предмет сакавме да ги опфативме оние кои најмногу придонесоа за насилството и на чувството на страв и небезбедност не само кај пратениците, туку и кај граѓаните – појасни Рускоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This