Никовски: Им даваме шанса да не уценуваат сѐ повеќе, ние како држава молчиме, а штом молчиш ќе те гaзат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија испрати меморандум кој повторно го активира во кој вели дека не постои македонски јазик, нема македонски народ, а ние како држава молчиме, а штом молчиш ќе те газат. Никој од странците не ја критикува Бугарија, туку сите велат да се најде решение и очекуваат од нас да попуштиме, изјави поранешниот амбасадор и аналитичар Ристо Никовски за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Според Никовски нема случајности во политиката, ова што го прави Бугарија не е случајно, Македонија се однесува понижувачки, а штом се однесуваш така, тогаш можат се да ти бараат.

– Ние се однесуваме понижувачки, неодговорно и како да сме спремни да го прифатиме поразот. Реализираме се што треба и не треба, и кога знаат на какви отстапки сме спремни ќе те газат и понатаму, рече тој.

Во однос на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за брзо решение тој вели дека ако покажуваш ти дека ти е итно, тога другиот само ја крева цената.

– Им даваме шанса да не уценуваат се повеќе. Ако ги читаме изјавите на Османи, вие не знаете за кого навива. Османи вели дека Бугарија нема услов да ги внесе Македонците во својот Устав и ја оправдува Бугарија, наместо Бугарија сама да се брани, рече Никовски.

Никовски ги коментираше и изјавите на Владо Бучковски кој е специјален претставник на владата за Бугарија дека ќе се менуваат учебниците и дека имаме заедничка историја имаме

– Тоа е исполнување на најекстремните бугарски барања, а тој никаде не кажува што треба Бугарија да направи, само нашите отстапки. Бугарската тактика да не бришат чекор по чекор кај нас не ја разбираат и прашање е кога ќе не нема, нагласи Никовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This