Никола Тодоров нa иcтa линиja co Заев, дaли ќe ce кaндидиpa зa пpeтceдaтeл нa СДСМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Слободен Печат“ денеска ја отвори можноста за формирање на Влада на Национален спас во која би влегла и опозицијата. Со ваквиот предлог Заев признава дека нема стабилно парламентарно мнозинство во Собранието и го прифаќа предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски за широка техничка Влада.

-Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот!, истакна во интервјуто премиерот Зоран Заев.

После ваквата „фрлена“ ракавица од страна на премиерот, може да се заклучи дека Заев го нема „стабилното“ мнозинство во Собранието, а гласањето на доверба на Владата во средата всушност била фарса и манипулирање со јавноста.

На ваквата понуда од страна на Заев со поддршка се јави поранешниот министер за здравство и исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров кој што вели дека сега е моментот за помирување и ВМРО треба да учествува во тоа, бидејќи ќе сме ја изгибеле државата.

-Сега е момент на обединување во рамки на ВМРО, а потоа и помирување на македонската нација, со активно учество на ВМРО во тоа. Ако ВМРО не учествува во ова, пропаѓањето ќе продолжи, иселувањето ќе продолжи и на крај ќе ја изгубиме државата целосно Наша обврска е на историјата да и погледнеме во очи и да ја преземеме нашата одговорност. Ако не го направиме тоа, тогаш ќе пропуштиме историска шанса и ќе бидеме директни учесници во пропаста на државата, пишува во сопштението испратено до медиумите Тодоров.

Ваквите изјави и на Никола Тодоров го ставаат на иста бранова линија со ставовите и предлозите на премиерот Зоран Заев и се потврдува фактот дека тој и всушност цело време одработува во интерес на власта, а исто така можеби во блиска иднина можеби ќе се кандидира и за претседател на СДСМ.

Како за потсетување, ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски уште одамна бара Влада на национален спас, која што ќе го отвори патот кон фер и демократски избори.

– Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот, побара неодамна Мицкоски.

Во меѓувреме од инфективната клиника преку социјалната мрежа на Фејсбук вечерва реагираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој што на власта и на нејзините лакеи им порача дека пакт со криминал и криминалци нема да се случи.

-Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник. Но, тој филм нема да го гледате и ви ветувам дека ќе се изборам со болеста, ќе излезам од инфективна, а потоа не чека многу работа…

Сметот мора да се измете, ама најпрвин од сопствениот двор!

И овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминал и криминалци, тоа нема да се случи. Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам.

Македонската пролет доаѓа!, порача Мицкоски преку својата објава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This