Николовски и Спасовски во Крива Паланка на одбележување на празникот Св. Јоаким Осоговски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Крива Паланка денеска се одбележува Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на градот, а на прославата во истоимениот манастир присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Денес го славиме Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на мојот роден град. На овој ден, кривопаланчани ги чекаат на гости своите роднини и пријатели, а јас му посакав добредојде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Заедно го одбележавме овој голем ден. Запаливме свеќи во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ и се помоливме за подобро утре. Нека им е честит празникот на сите православни христијани! Ова е голем ден за мојата Крива Паланка! За многу години!, напиша на Фејсбук вицепремиерот Николовски.
И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на својот Фејсбук профил дека денеска присуствувал на чествувањето на Св. Јоаким Осоговски.
-Денеска, на покана на мојот драг пријател вицепремиерот Љупчо Николовски, а на мое големо задоволство, бев дел од чествувањето на Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на Крива Паланка. Нека им е честит и за многу години празникот на сите православни христијани и сите граѓани на Крива Паланка, со искрени желби за добро здравје, благосостојба и лична и семејна среќа, напиша Спасовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This