April 30, 2024, 12:41 pm

Николоски: „Други трансфери“ во буџетот ќе исцица пола милијарда евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројни критики за Буџетот упати пратеникот Александар Николоски вечерва од собраниската говорница во дебата за новиот Буџет па истакна дека станува збор за расипничко крадење на парите на граѓаните, каде Владата ќе инвестира мизерни 347 милиони, за свои дискрециони трошења ќе даде 641 милиони, а ќе се задолжи плус 568 милиони.

Николоски во врска со „други трансфери“ од Буџетот истакна дека за дотации за невладин сектор, за договорни услуги и слично Владата историски највиско ќе издвои 641 милиони евра, споредбено со 2009 година е повеќе од 295 милиони евра, а од 2011 277 милиони евра повеќе, значи Владата ќе издвои 300 милиони евра повеќе само за дискреционите „други трансфери“, тој праша каде одат овие пари, зошто граѓаните не ги гледаат, и зошто истите не се вложуваат за изградба на болници или автопати?
За дискрециони трошења Владата троши повеќе отколку што е дупката во Буџетот, ако се менаџирани добро овие трошења кои се 641 милиони евра од Буџетот, задолжувањето од 568 милиони евра нема да биде потребно, па дупката во Буџетот би била многу мала, објасни Николоски.

Во однос на капиталните расходи Николоски појасни дека оваа година се проектирани 374 милиони евра, што како процент е некаде околу 9, 3% што споредбено од 2008 е 14%, а 2011 година е некаде околу 11%, но мислам дека со реализацијата следната година нема да се стигне ни до пола во овој износ, што значи дека прашање е само дали ќе гледаме капитални инвестирања.

-Косово троши некаде околу милијарда евра на капитални расходи, а Македонија проектира 374 милиони евра, истакна Николоски. На плати троши 127 денари, на стоките и услугите кои никој не знае што се троши 86 денари, на социјални трансфери за купување социјален мир и поткуп троши 487 денари, на поддршка за пензии троши 288 денари, на здравствена заштита само 139 денари, на други странсфери или црна дупка за лоја никој не знае што е троши 159 денари, а за капитални расходи и инвестиции троши само 93 денари, а во исто време се задолжува во вредност од 141 денар – објасни Николоски и порача дека ниеден домаќин не го прави ова, затоа расипнички се крадат парите на граѓаните со овој Буџет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This