Николоски: За дa мoжaт дa kpaдaт го пocкaпyвaaт дpacтичнo бeнзинoт и дизeлoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на социјалната мрежа Фејсбук коментира во однос на поскапувањето на горвиата.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

ЗА ДА МОЖАТ ДА КРАДАТ ГО ПОСКАПУВААТ ДРАСТИЧНО БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ!

На бројни средби со стопанственици и бизнис секторот кои постојано ги имаме речиси сите укажуваа на скапиот транспорт на стоките кои ги произведуваат, од друга страна на средбите со транспортните работници јасно ни беше посочено дека поради корона кризата имаат значително помалку работа, а огромен удар е зголемувањето на цената на горивата. Да потсетам транспортните работници уште пред повеќе од 1 година протестираа поради тогашното зголемување на цената на горивата.

Поради овие НЕРАЦИОНАЛНИ политики на ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ, акцизите и директен удар на џебот на граѓаните Македонија е пред ИНФЛАЦИЈА. Зголемувањето на цената на горивата значи ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ на сите продукти кои граѓаните ги купуваат. Покрај директниот удар на џебот на граѓаните преку таканаречената еколошка такса, граѓаните многу брзо ќе се соочат и со зголемувања на цените на сите продукти.

Оваа такса е директен удар и на ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ кои и без ова се соочуваат со катастрофален откуп и нивната мака не се вреднува. Катастрофални економски политики… Во услови на економска криза, зголемена невработеност, огромни трошоци за живот, владата одлучува да зголемува цена на горивата, а во најава е и зголемување на цената на струјата. Уште данок на воздух да воведат…

Овие катастрофални економски политики се уште еден доказ дека СДСМ не знаат како да ја менаџираат државта, дека не знаат како да донесат квалитетни економски мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните. – пишува Александар Николоски на Фејсбук.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This