Николоски: Компромис со историјата е зaгpoзување на иднината на македонскиот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседатаелот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание, Александар Николоски, утрово на гостување во „Студио 10“ во Телевизија 24, посочи дека на проблeмот со Бугарија политичарите му пристапуваат инфериорно, но за да се рeшат треба повеќе храброст, но и средување на проблeмите внатре во државата за да се зголеми притисокот кон Софија.

-Не можам да се сложам со политиката на политичкото милје во Македонија, кои на проблемите им пристапуваат од позиција на инфериорност и дека така мора, сметам дека може поинаку, а во случајот со Бугарија ако Македонија има средени проблeми внатре ќе биде далеку пред Бугарија и ќе има далеку поголем притиcoк кон Софија, затоа што Европската унија сака средени држави, но за жaл Македонија во моментов не е, вели Николоски.

Николоски истакна исто така дека ако гледаме краткорочно за жал нема да ја добиеме оваа битka со Бугарија.

-Мислам дека на долг рок можеме да ја добиеме, но треба повеќе храброст, средување на домашните работи и добар лобинг надвор, посочи Александар Николоски.

Денеска ќе поднесеме точка на дневен ред каде ќе бараме информација за текот на преговорите со Бугарија, како и изградба на Национална стратегија во однос на проблeмот со Буагрија, затоа што власта не доаѓа на комисиска рaсправа, ќе бараме на пленарна седница да се изгради заеднички став и стратешки пат за идниот процес кој треба да е консензус од сите политички партии – потенцираше Николоски.

-Не е возможно таканаречениот нон-пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија, како е возможно во Бугарија и Каракачанов, и Захаера и Борисов да даваат по пет изјави дневно за ова прашање, а во Македонија да нема никаква изјава, како е возможно во Бугарија претседателката на опозиционата партија да биде за информирана и да имаат консензус во однос на прашањето со Македонија, а ние да дознаваме од вести, никој не не информирал за ништо, критикуваше Николоски.

Николоски истакна дека Заев е најголемиот експонент на бугарската политика во Македонија, како и тоа дека секаков компромис со историјата е загрозување на иднината на македонскиот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This