НИКОЛОСКИ: Не сум среќен што Македонија не доби датум за пpeговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не сум среќен што Македонија не доби датум за преговори, но ова е ден во кој што мораме да бараме решение да одиме понатаму. Ние политичарите не треба да бидеме емотивни, за разлика од граѓаните кои се емотивни по прашањето за недобивање датум. СДСМ се занимаваат со нас, тврдејќи дека ни е мило и дека се радуваме за недобивањето датум, а не е така. ВМРО ДПМНЕ е токму таа што беше пофалена од надвор, за нашата конструктивност и соработка. Сега сакаат да не покажат дека ние се ситиме на недобивањето датум – рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во „Само интервју“.

 

 

Македонија изгуби година и половина, бидејќи владата не спроведува рефopми. Таа прави се, освен реформи, поради што ова е тотален дебакл на политиките на Зоран Заев. Нас кypтоазни изјави од типот дека сме испорачале реформи, но дека ЕУ не сака да се проширува, не ни помагаат. Факт е дека државата не оди напред и нема реформи. Земјава да испорачаше реформи, ќе добиевме датум – рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This