Николоски од Битола: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи големи работи за Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при денешната неговата посета на Битола истакна дека по локалните избори следува ново парламентарно мнозинство, а потоа идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, заедно со локалната самоуправа во Битола која исто така ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе направи големи работи за општината.

Николоски изјави дека промените како во Битола, така и во цела Македонија може да ги направи единствено ВМРО-ДПМНЕ.

– На 17 октомври ќе се случат големи промени, очекуваме на 18 веќе да се разговара за ново парламентарно мнозинство во рамки на македонското Собрание и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многу за Битола. Имаме одличен тим и одличен кандидат за градоначалник и советничка листа позади кои застанаа бројни експерти, рече Николоски.

Како прва и најважна работа тој вели дека ќе бидат нови инвестиции и работни места.

– Четири години во Битола камен не е ставен инвеститори не доаѓаат, а најголемиот инвеститор планира да замине затоа што нема соработка со владата. Ние планираме нови инвестиции, а постојните да ги задржиме и да им дадеме добри услови за работа. Ние не планираме да го затвораме РЕК Битола, како што планира Зоран Заев, потенцираше Николоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не планира 5-7.000 луѓе да останат без работа како што планира СДСМ, туку ВМРО-ДПМНЕ планира нови луѓе да се вработуваат.

– Понатаму, нова инфраструктура, кружни токови, гасификација на Битола, нешто што требаше досега да е готово, топлификација на Битола ново Основно училиште, нова зграда за противпожарна заштита, нов мултифункционален спортски комплекс, ревитализација на рекреативен центар Тумбе кафе и нов парк со авантуристички содржини во Битола, нагласи Николоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This