НИКОЛОСКИ: Отворена младинската летна школа во организација на УМС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 09 до 11 август во Струмица, УМС организира Летна школа под мотото “Младите – лидери на промените” на која учество ќе земат над 100 учесници ширум државата, каде младите ќе можат да стекнат нови вештини од полето на ораторството, организирањето и вмрежувањето. Школата ја отворија претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ Јован Јаулески и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, а како предавачи ќе бидат и Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, поранешниот вице премиер и амбасадор во САД Васко Наумоски, како и поранешниот амбасадор во Брисел Андреј Лепавцов.

Како претседател на Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ чест ми е да изјавам дека УМС одсекогаш претставувала авангардата и предвесник на промените во општеството. Од Струмица порачуваме дека промените кои во државата ќе случуваат ќе почнат токму од тука. Ние како млади луѓе, тука од Струмица се заветуваме на непоштедна борба против криминалот, корупцијата и непотизмот кои надвиснале над нашата татковина и кога се работи за иднината на Македонија не правиме никакви отстапки. Обновата на Македонија за младите почна од Струмица и од тоа нема да отстапиме, изјави за КУРИР претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески

На отварањето присуствуваше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Ја имав честа да ја отворам младинската летна школа во организација на УМС која се одржува викендов во Струмица. Секогаш е огромна чест да се биде помеѓу УМС, тие се моторот на ВМРО-ДПМНЕ и тие ќе го победат Зоран Заев и ќе ја придвижат Република Македонија напред. Во младите е силата, тие се нашата иднина. Еднаш УМС, засекогаш УМС!, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This