Николоски: Целиот случај околу ШИК Јелак мириса на kopупција и cyдир на интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата „360 Степени“ на Алсат М телевизија, вели дека постапката за носење на деталниот урбанистички план за ШИК Јелак мириса на kopупција и cyдир на интереси, бидејќи, како што рече, Министерството за транспорт и врски одобрило Детален урбанистички план со 233.000 метри квадратни за само 7 дена, посочувајќи дека тој или воопшто не е прочитан или е донесен по нечија наредба.

Согласно законот кога ќе се распишат изборите, запираат сите активности освен оние кои што се неопходни. Изборите беа распишани на 15 февруари, на 21 февруари оваа година општина Тетово поднесува барање за одобрение до Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски одобрува Детален урбанистички план со 233.000 метри квадратни, само хартијата е околу 300 страни за само 7дена од кои што два се викенд, и на 28 февруари го дава одобрението во услови кога во Македонија човек за обичен документ му треба месец или два за да го извади, што е јасно дека воопшто не е прочитан тој Детален урбанистички план, туку по нечија наредба само е потпишан. И второ е период на распишани избори, што е класичен koнфликт на интереси – вели Николоски.

Николоски, праша зошто владата не отишла на надавање на објектот како би постигнала повисока цена, како и зошто владата не инсистирала прво да помине овој Детален урбанистички план за да се качи вредноста на земјиштето, односно како што рече тој да владата да оди со јавно надавање каде што уште повисока цена би се постигнала и би оствариле намирување на долговите и работниците и сите оние кои што беа доверители во ШИК Јелак.

Прашањето е зошто владата не отишла на надавање, како би можело да се постигне повисока цена, прва варијанта. Втора варијанта не ги понудила на Фондот за здравство, па Фондот за здравство окрупни таму и втора работа е зошто владата не инсистирала прво да помине овој Детален урбанистички план за да се качи вредноста на земјиштето, па потоа да оди или со подавање со непосредна спогодба со многу повисока цена или да оди со јавно надавање каде што уште повисока цена би се постигнала и би оствариле намирување на долговите и работниците, и сите оние кои што беа доверители во ШИК Јелак. Сето ова мириса на многу kopупција и на многу cудир на интереси – изјави Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This