Николocки за враќањето на Миjaлков: Ce paботи за политичkи договop, бидejќи ниедна пpaвна пpoцедура не беше иcпочитyвaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, зборуваше за актуелните случувања во Македонија изминатите денови. Тој посочи дека владеењето на правото во Македонија е на најниско ниво, со тоа што власта преговара со бегалците од правдата и им дозволува да избегаат.

-За жал во Македонија владеењето на правото е на најниско ниво. Имаме криминална власт којашто е во коалиција со одредени поранешни структури, и гледаме дека и приредија еден вистински циркуз на Македонија во изминатите денови. Циркуз во којшто видовме дека нема „П“ од Правна држава, и дека нема воопшто владеење на правото, туку има едни мафијашки картелски договори во коишто треба да се избегне системот на владеење на правото, вели Николоски.
Тој вели дека враќањето на Сашо Мијалков е всушност поттикнато од притисокот кој го направија јавноста и опозицијата врз владата.

-Прво заеднички се договорија бегалецот од правдата да избега, за после тоа да ги испреговараат неговите услуги и да го вратат назад за одглумат пред јавноста дека успеале да го вратат назад, а во суштина реагирале на притисок од јавноста и од опозицијата. Но, повторно видовме дека се работи за политички договор, од причина што ниедна правна процедура не беше испочитувана, од примање на решението, па се до тоа дека видовме дека отиде дома, а не онаму кадешто заслужуваат оние кои се бегалци од правдата, вели тој.

Исто така Николоски изјави дека причината за исселувањето на се повеќе луѓе од Македонија е крималното владеење на власта и непостоењето на Правна држава.

-Добивам многу повици, и вчеравечер и ова утро од луѓе коишто ја имаат напуштено Македонија, коишто ми велат ова е основната причина зошто ја напуштивме Македонија, а тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт. Исто така за жал добивам и повици од луѓе коишто сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина а тоа е од причина, како што велат, дека имаме криминална коалиција и криминална банда на власт, изјави Николоски.

Тој ги охрабрува граѓаните, и ги повикува заедно да се изборат против криминалната коалиција која, како што вели, во моментов функционира во Македонија.

-Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација надвор од овие криминално политички договори, не е извалкана и има јасна детерминирана воља да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво, и со оваа криминална коалиција којашто во моментов функционира во Македонија, да оди онаму кадешто и е местото, а тоа е во затвор, додава тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This