НИКОЈ ВЕЌЕ НЕ ВЕРУВА ВО ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА: Намален оптимизам за брзо членство во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси половина од граѓаните во земјава очекуваат Европскиот совет да даде зелено светло за преговорите, а малку повеќе од половина очекуваат таа да стане полноправна членка за 10 години од денес, што пак е намалување од 12 проценти од очекувањата што за тоа ги имале пролетва. Ова го покажа анкетата на Евротинк, спроведена од 27 септември до 14 октомври на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, од страна на М – Проспект. Она што не претрпело промена е високата поддршка на граѓаните за членство во Унијата – утре да има референдум, 65,9 проценти би гласале „за“.

Ваквата промена на очекувањата според Љупчо Петовски е и добро бидејќи големите очекувања водат кон големи разочарувања.

Анкетата покажува и голема разлика во поддршката за ЕУ по партиска и етничка линија. Кај Албанците е околу 90 проценти додека кај Македонците е 30-на проценти помала. За Петковски, разликата се должи на големиот антагонизам меѓу партиите во македонскиот блок. Поддршката кај приврзаниците на СДСМ за ЕУ е 70 проценти, додека кај ВМРО-ДПМНЕ 35,9.

Интересна е разликата од околу 20% во полза на оние кои сметаат дека земјава треба да стане членка и оние кои мислат дека Македонија е подготвена за членство.

Петковски смета дека евентуален негативен исход од Европскот совет не би бил добар за Македонија.

Анкетата покажала и промена на ставот на граѓаните кои држави ни се пријатели, а кои не. Од 31 процент граѓани кои сметаат дека некоја држава ни е закана, најголем негативен скок направила Бугарија, неа од 0,5 проценти пред 6 месеци, како закана сега ја сметаат дури 23 проценти. Најпријателски се сметаат САД и Германија со по 10 проценти поддршка од граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This