April 27, 2024, 10:12 pm

НИКОЈ НЕ САКА ДА УЧИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: Само пет матурантки се пријавиле да го изучуваат македонскиот јазик во првиот уписен рок на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за порталот Факултети.мк д-р Људмил Спасов истакна дека неопходно е да се направат реформи на наставните планови и програми на Катедрата за македонски јазик,

Како што објави порталот годинава зacтрашувачки е фактот што само пет матурантки се пријавиле да го изучуваат македонскиот јазик во првиот уписен рок на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на насоката Македонски јазик (со проверка на знаења и умеења).

Факултети.мк објави дека четири пријавени кандидатки има на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на насоката Македонски јазик и книжевност. На УКИМ, во државната квота се пријавиле 12 кандидати на насоката Македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Поразителен интерес за изучување на македонскиот јазик има и на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на насоката Македонски јазик и книжевност се пријавени вкупно 10 кандидати.
Проф. д-р Људмил Спасов: Состојбата е многу комплексна

– Се отворија нови катедри. Во Битола секогаш имало поголем интерес затоа што катедрата има комбинирана група, на пример, македонски со англиски јазик. Друг проблем е што бројот на наставници е веќе пополнет – нема места за нови наставници, така што нема професионален предизвик. Потребна е реформа на студиите по македонски јазик – треба да се направат поатрактивни. Порано се запишуваа и по 100 студенти. Исто така, факт е дека критериумите на УКИМ се поригорозни, потешко се добива диплома. Треба да се има предвид и фактот што ние најголемиот број на студенти го добиваме во вториот уписен рок. Сепак, неопходно е да се направат реформи на наставните планови и програми. Во социјализмот имавме подобри програми отколку денес – вели Спасов.

Целата интервју прочитајте го на Факултети.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This