НИМИЦ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Нимиц идната недела во Македонија, во сабота најавена координација на македонскиот државен и политички врв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц наредната недела ќе ја посети Македонија.

Точниот датум се уште не е утврден и во моментов тече координација помеѓу владите на Република Македонија и на Република Грција околу тоа, изјавија од Владата.

На последната рудна разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Во меѓувреме, Владата ги почна консултациите и анализата на предложената рамка на Нимиц. По денешната прва директна средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Давос, најавена е координација на македонскиот државен и политички врв во сабота во Клубот на пратениците во Скопје.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This