НИМИЦ ЗА ГРУЕВСКИ: Го сметав за многу интелигентен, ги познаваше работите многу добро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот дипломат Метју Нимиц во разговор за Дојче веле открива што го мотивирало да истрае во долгогодишниот спор за името, кои политичари му оставиле впечаток и каде го јадел најдоброто јагнешко.


Денес признава дека постојано се maчел со користење на официјалното име „поранешна југословенска Република Македонија“.

Во изминатите 20 години, откако беше именуван за посредник на ОН во спорот од страна на поранешниот генерален секретар на светската организација Кофи Анан, Нимиц работеше за еден долар годишно. Симболична сума на пари кои, патем, никогаш не ги добил.

– 20-те долари никогаш не ми ги исплатија, ама барем редовно ми ги плаќаа патните трошоци – се шегува Нимиц.

Тој оценува дека Груевски никогаш не бил подготвен да го направи последниот чекор.

– Имав многу дискусии со Груевски и имав добри односи со него. Минавме многу часови заедно. Ќе одев во неговиот дом и ќе вечеравме заедно, и ќе разговаравме. Го сметав за многу интелигентен. Ги познаваше работите многу добро. Секогаш го сметав за многу интересна личност за разговор на оваа тема. Но неговите, и погледите на претседателот Иванов, беа премногу зaглaвeни во историскиот пристап. Тоа за мене беше ќорcoкак – вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This