НИНА СЕ ПОФАЛИ СО БУЏЕТОТ: Heма време за татко на деца со ayтизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за финансии Нина Ангеловска или некој од нејзиниот тим за односи со јавност постирајќи нејзина слика се пофали дека поминал државниот буџет за идната година.

Во мноштвото коментари на постот, меѓу кои има и цинични и потсмешливи, има и еден за буџетските средства за најранливите категории граѓани.

Прашањето го поставува Зоран Мијалков активист за права на повеќе ранливи категории и татко на две деца со аутизам.

“Министерка

Ме интересира колку од буџетот се предвидени за децата и возрасните со посебни потреби, ретки болести или инвалидитет”, ја прашува министерката активистот од Штип.

Четири часа откако го постави прашањето министерката Ангеливска и нејзиниот тим за комуникации го игнорираат прашањето на Мијалков кој е основач на организација за помош на деца и возрасни со посебни потреби.

Штипскиот активист прашањето го постави откако насмеаната министерка рече дека буџетот ќе ја подобри состојбата во повеќе сфери од живеењето.

“Буџетот 2020 усвоен!

65 гласа „за“ инвестиции во човечкиот капитал, за вложување во подобро здравство, образование и социјална заштита, за подобри услови за живот и работа на сите, за задржување на нашите луѓе во земјата…зошто дома си е дома”, напиша Ангеловска користејќи ги хаштазите #Буџет2020 #ЧовечкиКапитал

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This