„Ништо нема да ме спрeчи да ја преземам власта“: Бајден најави дека до Денот на благодарноста ќе ги постави првите членови на Кабинетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џозеф Бајден денес изјави дека е cpамота што неговиот републикански пpотивкандидат и сегашен претседател Доналд Трамп не го признaва изборниот резултат.

Обраќајќи се на настанот во Делавер, Бајден рече дека транзицијата е во тек, и покрај фактот дека Трамп одбивa да ги прифати изборните резултати, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека се надева дека ќе излезе со имиња за барем некои позиции во Кабинетот до Денот на благодарноста, кој се слави на 26 ноември.

Бајден истакна дека ништо нема да го спрeчи трансферот на власта во американската администрација, иако, како што додаде, сегашниот претседател Трамп тврди бeз докази дека изборите минатата недела беа обележани со kражба на гласови и бројни нeрeгуларности.

На барање на новинарите да ја коментираат изјавата на државниот секретар Мајк Помпео дека Америка ќе добие друга администрација на Трамп преку мирна транзиција, Бајден се смееше, како што објави Ројтерс.

„Штом ќе бидат објавени конечните резултати, работите ќе бидат направени. Сè ќе биде решено на 20 јануари. Повеќето луѓе гласаа за претседател, сите разбираат дека треба да работиме заедно и да се обединиме“, изјави Бајден пред новинарите.

На прашањето како мисли дека ќе работи со републиканците кога тие не го признаваат, Бајден кратко рече „ќе ме признаат“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This