Ништо од вакцините: Откажан авионскиот лет за кинеските вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со авион од Унгарија, имало најава дека вакцините од Кина ќе стигнат на 16-ти февруари на скопскиот аеродром. Датумот го најави и премиерот Заев, но планот е откажан бидејќи вакцините се уште не се подготвени во Кина.

Mакедонскиот контингент од Пекинг требало заедно да патува до Будимпешта заедно со унгарскиот контингент од 250 илјади дози и црногорската пратка од 150 илјади вакцини. Тие 600 илјади вакцини во Будимпешта би се поделиле за секоја земја посебно. Македонските 200 илјади вакцини и црногорскиот контингент потоа со ист авион на Визер требало да заминат прво за Скопје на 16-ти февруари, а потоа за Подгорица. Но планот и авионскиот вакцина мост е откажан. Министерот Филипче телефонски ни изјави дека станува збор за шпекулација за овој договор за авионски превоз на вакцини.

Успорената набавка се совпадна со спориот, но трудољубив и вреден вол- животно кое ќе ја одбележи новата кинеска лунарна година. Прославите почнаа од вчера, а во Кина државен празник е до наредниот петок иако прославите ќе продолжат до крајот на февруари. Единствениот договор кој Македонија го има сигурен во џебот, е договорот за вакцини со кинески Синофарм. Пратката треба да дојде одеднаш.

Министерот Венко Филипче вели дека се прават напори и за реализација на договорот за донацијана Фајзер вакцини од Србија, додека во март се очекува профункционирање на Ковакс механизмот.

Со Русија за нивната Спутник V вакцина не се разговарало и не е контактирано досега. Доколку се остварaт првите контакти денеска, согласно проценките, Русија би ги испорачала првите вакцини за најмногу три месеци односно најдоцна на почетокот на мај. Цените за вакцините се тајни бидејќи производителите бараат договорите и сумите да бидат сокриени од јавноста и од конкурентите. За Синофарм вакцините единствена информација за цена е од август лани според која една вакцина би чинела 148 американски долари, иако уште тогаш било прогнозирано дека цената ќе оди надолу.

Македонските власти се држат до договорот и не откриваат колку пари чини една вакцина. Инаку според веб сајтот биоспејс каде се објавени истражувања за цении ефикасност на повеќе вакцини, најефтини се оние на Џонсон и Џонсон кои се уште не се одобрени кои чинат 10 долари и руските Спутник кои чинат 10 долари за една од потребните две дози. Втората кинеска вакцина, Синовак чини 30 долари за извоз, а дупло повеќе за домашниот кинески пазар. Фајзер за првите 100 милиони дози ќе чини 19 и пол долари по доза. Вакцините на Модерна и на Астра Зенека според овој сајт чинат меѓу 25 и 37 долари по парче. На веб сајтот биоспејс нема информација за цена на Синофарм која ја набави Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This