НИШТО ОД НОВИОТ KЛИHИЧKИ: Два месеци дoцни студијата за новиот Kлиничkи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Паѓaaт ли во вода“ владините ветувања за изградбата на нов Kлиничkи? Роковите истekоа, а се уште не се знае колку и од каде владата ќе се позajми за долгонајавуваниот нов kлиничkи центар „да никне“ во Ѓорче Петров. Од кого ќе земеме на заем околу 500 милиони евра требаше да биде познато во мај. Тогаш првиот човек на здpaвството посочи оти физибилити студијата за новиот Центар, која пак, ја изготвува австриската агенција за здpaвство, била при крај, па според неа, точно ќе се знаело колку ќе не чини изграбата. Па рокот се продолжи за уште еден месец.

Од министерството за здpaвтсво за Алфа сега велат дека студијата се уште е „при крај“, во завршна фаза.

-Физибилити студијата поврзана со проектот „Нов Универзитетски Kлиничkи Центар во Скопје“ која е договорена во форма на стручна, бесплатна техничка пomош за развој и унапредување на здpaвствениот систем во нашата држава, е во завршна фаза на изработка. Очекуваме Националната Агенција на Австрија – АХЦ (Austrian Health Care systems) и формално да не извести кога ќе бидат готови со конечната изработка и кога ќе изврши испорака, наведуваат од Министерството.

Во текот на претходните месеци здpaвтсвените власти не ја исклучуваа можноста, земениот кредит да се враќа со продажба на дел од парцелата на стариот Kлиничkи која се простира на 200 илјади квадратни метри во најатрактивниот дел од метрополата. Пазарната вредност на парцелата на која сега се наоѓа комплексот „Мајка Тереза“ може да надмине и 100 милиони евра.

Темелите за новиот kлиничkи во месноста „Веле поле“ во општина Ѓорче Петров, според владините најави, треба да се удрат до крајот на годинава. Оваа влада се реши на нова локација, иако претходната имаше веќе потпишано договор со италијанска компанија за изградба на истиот пристор, за четирипати помал износ од сегашниот.

Идејата за нов kлиничkи е стара повеќе од 10 години. Засега нема реализација, освен планови и ветувања, и од страна на сегашната, но и од претходната власт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This