„Новавакс“ од јануари ќе има вакцина против омикрон, Модерна во март ќе има и бустер доза против омикрон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Novavax Inc.“ денеска соопшти дека во јануари 2022 година ќе може да почне со комерцијално производство на вакцината против Ковид-19, што ќе биде ефикасна против новиот сој на коронавирусот – омикрон, во време кога ги изведува тестирањата дали нејзината сегашна вакцина делува против оваа варијанта.

Британските медиуми пренесуваат дека лабораториските податоци што се очекуваат во следните неколку недели ќе покажат дали антителата на лицата кои претходно ја примиле вакцината на „Новавакс“ можат да ја неутрализираат новата варијанта, соопшти компанијата.

„Новавакс“, исто така, соопшти дека почнала и со развојот на антиген на шилестиот протеин, што е специфичен за омикрон, и дека за неколку недели ќе почне и со лабораториски тестови на новата вакцина на новиот сој на коронавирусот.

Другите производители на вакцини за коронавирус, Модерна и Фајзер, исто така, почнаа да работат на производство на вакцина против Ковид-19 што е ефикасна против омикорн варијантата на коронавирусот.

Модерна би можела да го заврши тестирањето на засилувачката доза за варијантата Омикрон во март и да поднесе барање за одобрување во САД, изјави претседателот на компанијата Стивен Хог.

Хог рече дека бустер дозата која содржи гени кои посебно ги таргетираат мутациите на новата варијанта ќе биде најбрзиот начин да се реши проблемот со намалената ефикасност на вакцините.

– Веќе ја започнавме таа програма, изјави Хог.

Компанијата исто така работи на поливалнтна вакцина која би била ефикасна против четири различни варијанти на коронавирусот, вклучително и Омикрон.

– Тоа може да потрае уште неколку месеци, рече Хог.

Следејќи ги упатствата на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), Хог рече дека процесот може да потрае три или четири месеци.

– Бустер дозите за Омикрон, реално, не можат да се излезат на пазарот пред март, а може дури и да дојдат во вториот квартал; освен ако ФДА не ги промени своите упатства за податоците потребни за овластување, рече претседателот на Модерна, додавајќи дека компанијата ќе започне со производство на вакцини додека е во тек тестирањето за да може во најкраток можен рок да им ја понуди вакцината на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This