April 26, 2024, 10:48 am

Нова вakцинa го ocвojyвa пазарот – ЕУ ја одобри вakцинaтa на „Џонсон и Џонсон“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека Македонија се снајде за неколку дози, барајќи милостина од соседите, преку сомнителни преговори во кои доказите упатуваат на тоа дека Македонската влада се обидувала да обезбеди и провизии од набавката на кинеската вакцина за приватни џебови, во светот е регистрирана нова вакцина, а вчера е одобрена и од Еворпската Унија за употреба во рамки на земјите членки на блокот.

Европската Унија ја надополни листата на одобрени вакцини против КОВИД19 на четири опции, со новата вакцина на Џонсон и Џонсон, која за разлика од досега регистрираните нема потреба за ревакцинација, туку се целосната доза се прима еднаш.

Европската агенција за медицина, соопшти дека вакцината на Џонсон и Џонсон е безбедна и ефикасна во борбата со КОВИД19, а дистрибуцијата на на истата ќе започне на почетокот на вториот квартал годинава.

Одобрението за употреба во ЕУ доаѓа по одобрувањето на истата вакцина во САД минатиот месец.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е полесна и за логистиката, бидејќи нема потреба да се чува во замрзнувачи туку во обични ладилници, со што е полесна и за дистрибуција и складирање, а се администрира само еднаш без потреба за ревакцинација.

Нус-појавите од оваа вакцина се оценуваат како ретки и со среден до низок интензитет.

Во 85% од тестовите на Џонсон и Џонсон, вакцината се покажала како ефикасна во справување со сериозна инфекција.

Џонсон и Џонсон веќе има потпишано договор со ЕУ за 200 милиони вакцини во текот на втората половина од годината, со отворена можност за набавка на уште 200 милиони дози.

Европската Унија до сега има извезено преку 34 милиони вакцини во 31 земја надвор од блокот. До крајот на Јануари, ЕУ нема обезбедена ниту една вакцина за Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This