Пpoговори cyдијата кој го ocyди Mијaлков: Бapa одговори како побeгнaл екс директорот на УБК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние како судечки совет сметаме дека нашата одлука е правилна и праведна, вели судијата Владимир Туфегџиќ кој беше дел од судечкиот совет кој му ја изрече казната затвор од 12 години на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков за случјаот „Таргет-Тврдина“, во интервју за емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24. Тој вели дека за него лично е неприфатлив политичкиот триумфализам и еуфорија по пресудата.

-Како совет сметаме дека нашата одлука е правилна и праведна. Дали е вистински праведна и правилна, дали е одмерена соодветна казна за обвинетите, тоа се прашања на кои одговор ќе дадат повисоките судови. За мене лично е неприфатлива онаа политичка еуфорија и политички триумфализам што се случи по објавата на пресудата. Ние не направивме ништо што е невообичаено, надвор од законот, изјави Туфегџиќ во кратката изјава која беше објавена пред емисијата.

Нагласува дека судечкиот совет не е истражен орган и тврди дека надлежното јавно обвинителство со ништо не им најавило дека има индиции или опасност за бегство на Мијалков.

– Точно е дека се стекнува впечаток дека се случило нешто несекојдневно, нешто што досега не се случило. Општ е впечатокот дека наеднаш лицето се појави, но за сето тоа одговорите треба да ги даде истрагата, изјави судијата.

И по две недели по бегството и неочекуваното појавување на Мијалков се уште нема никакви информации за истрагата што се отвори во скопското обвинителство која треба да даде одговори дали некоја од институциите потфрли при исчезнувањето на Мијалков, непосредно пред изрекувањето на пресудата за масовното прислушување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This