НОВА ЕПИЗОДА ОД „РЕКЕТ“: Ќе има ли оставки по скандалозните изјави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчерашното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова отвори најнова епизода од „Рекет“.

Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот „Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари.

-Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Стефанова пред судот јасно посочи дека меѓу емисарите што се јавувале за ургенции била и судијката Добрила Кацарска.

Во друга држава, по ваков исказ, Кацарска треба да биде разрешена, но кај нас, омилената судијка на СДСМ се заканува со тужби.

Кацарска во изјавата на ТВ24 изјави дека е згрозена од сведочењето на обвинителката Стефанова, која пред Кривичниот суд изјави дека Кацарска била една од повеќето кои ургирале на бизнисменот Орце Камчев да му биде укинат притворот во случајот „Империја“.

-Згрозена од таквата изјава на обвинителката Лиле Стефанова. Јас очекував да зборува кога го отворила преметот „Империја“, како го отворила, дали тогаш имала притисоци да го отвори овој предмет, дали тоа е во склад со надлежноста на СЈО. Згрозена сум и во поглед на изјавата за јавувањата и ниското ниво кое што го покажа обвинителката а особено обвинителка на СЈО во кое сите ние се крстевме и сметавме дека тоа се тие кои што ќе се изборат за правдата. Не очекувам обвинител да даде изјава дека и‘ вршеле притисоци судии, обвинители, бизнисмени и политичари а јас сум била емисарот. Која е причината за ова? Јас добро ќе прочитам и ќе проучам околу сведочењето на обвинителката и ќе одлучам дали да тужам за клевета ако за тоа се исполнети условите, кажа Кацарска.

Кацарска, инаку, е судијката која лицата кои на 27-ми април 2017-та влегоа во Собранието, ги судеше за тероризам. Досуди скандалозни 211 години казни затвор.

Прашање е сега: Кој ќе суди на Кацарска по силните обвинувања на нејзина сметка?

Јанева кон Стефанова: Го*нарке, оро*пијо!
„Гомн*рке и оро*пијо една“, со овие зборови Катица Јанева се обрати кон поранешната колешка од СЈО, Лиле Стефанова, по што вчера беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“.

При крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.

Но, Јанева почна да вика: „Оро*пијо и гомн*рке!“

„Надвор, изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.

На излегување, Катица Јанева дојде кај новинарите, застана и рече:

„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This