НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА СУДИРИТЕ ВО СИРИЈА: Турската армија влезе во Сирија за да го симне од власт Асад, моменти откако беше ослободено Алепо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската армија влегла во Сирија за да му стави крај на владеењето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кого го обвини за тероризам и рече дека е причина за смртта на илјадници Сиријци.
erdogan_sirija

„Влеговме (во Сирија) за да му ставиме крај на владеењето на тиранот ал-Асад, кој тероризира преку државата. (Не влеговме) од ниедна друга причина“, рече турскиот претседател на првиот симпозиум на Интерпарламентарната ерусалимска платформа во Истанбул, пренесе весникот Хуриет.

Ердоган рече дека Турција нема територијални претензии во Сирија, туку сака да му ја предаде власта на сириското население, додавајќи дека Анкара се обидува да ја врати „правдата“.

„Зошто влеговме? Ние не ја ‘меркаме’ сириската територија. Проблемот е земјиштето да им се даде на неговите вистински сопственици. Што значи дека сме таму за да ја воспоставиме правдата“, рече тој.

Ердоган рече дека речиси 1 милион луѓе загинале во Сирија, и покрај тоа што набљудувачките или хуманитарните групи не ја кажуваат таа бројка на жртвите.

„Според мојата процена, речиси 1 милион луѓе загинаа во Сирија. Загинувањата продолжуваат, без исклучок за децата, жените и мажите. Каде се Обединетите нации? Што прават? Дали се во Ирак? Не се. Ние проповедавме трпение, но на крај не можевме да издржиме и моравме да влеземе во Сирија заедно со Слободната сириска армија (ФСА)“, рече Ердоган.

Турската армија во октомври илегално влезе во Сирија, тврдејќи дека е фокусирана на поразувањето на т.н. Исламска држава во северно Алепо. Сепак, таа постојано ги напаѓа курдските Сириски демократски сили (СДФ) во близина на границата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This