Нова cyдијка за спopoт 3aeв-Николоски, се читаат дokaзи од „Peкет“ и се зборува за парадата на функционери во домот на Боки 13

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со нова судијка започна доказната постапка во случајот Зоран Заев против Александар Николоски. Премиерот во оставка го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за клевета во случајот Рекет.

Судијката читаше наслови од медиуми во кои се посочува поврзаноста на Зоран Заев и неговиот брат Вице со случајот Рекет.

„Каде завршија парите од Луј Витон чантата“, праша Николоски во изјава за Алфа на 28.8 2019 година.

Во друг се пососочува на изјавата на Бојан Јовановски – Боки 13 дадена на изрекувањето на пресудата: „Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заев“.

Беше посочен и текст во медиумите во кој се пишува за средба на Заев со претставници на „Меѓународниот сојуз“ на Боки.

Николоски реагираше што не е наведен изворот на информациите во медиумите во кои се пишувало на оваа тема.

Беше прочитана и изјавата на куќната помошничка на Јовановски која тврдеше дека во неговиот дом видела доста високи функционери како министерката Радмила Шекеринска, тогашната специјална обвинителка Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев, министерот Венко Филипче, граоначалникот на Карпош Стефан Богоев, пратеникот Александар Кирацовски…

На тоа бранителот на Заев, Лазар Сандев имаше одговор.

Слободата на изразување не е дадена како аполутно човеково право туку како релативно кое може да биде предмет на законско ограничување. И политичарите имаат право да го заштитат својот углед иако е точно дека тие треба да имаат повисок праг на толеранција кога се работи за политичка дебата, посочи адвокатот.

Тој твдеше дека не постои доказ за поврзаност на Заев со овој случај. Напротив, твдеше Сандев, тој го пријавил случајот во Јавното обвинителство.

За изјавата на Боки дека парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев рече дека е дадена во револт бидејќи токму премиерот го пријавил случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This