Нова xaварија во РЕК Битола: Повторно работи само еден блок кој е надвор од техничките стандарди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нова хаварија се случи во најголемата термоелектрана во Македонија, РЕК Битола вчеравечер.

Инфомакс дознава дека првиот блок на РЕК Битола повторно е надвор од функција поради хаварија, што значи дека термоелктраната работи само со еден блок.

Хаварија се има случено во блокот 1 каде во дефект е еден од котлите и најверојатно се работи за пукната цевка.

Неофицијално причината за постојаните хаварии во првиот блок е поради лошиот квалитет на јаглен кој се користи како енергетски извор.

Во моментов работи само вториот блок кој излезе од половичен ремонт и според нашите сознанија е надвор од сите технички стандарди.

Третиот блок е надвор од функција по пожарот на трафостаницата, а за истиот да се пушти во функција ќе бидат потребни 5 до 6 месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This