НОВИНАРИТЕ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ОД ЗАБРЧАНЕЦ: Заев да ја провери подготвеноста на советникот Забрчанец да ја извршува својата работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската асоцијација на новинари го осуди вчерашниот инцидент, во кој фоторепортерите беа спречени да ја вршат својата работа од страна на владини претставници.

„Ги осудуваме обвинувањата и квалификациите изречени од советникот Марјан Забрчанец до медиумите присутни на синоќешната лидерска средба во Клубот на пратеници“ велат од МАН.

Од таму велат дека не е прв пат да се одржуваат лидерски средби во Клубот на пратеници, и затоа изненадува реакцијата на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев и неговите советници, кои вчера ги попречија медиумите да ја извршуваат својата работа.

„Го повикуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја провери подготвеноста на полицајците кои го обезбедуваат премиерот Зоран Заев. Истовремено, го повикуваме премиерот Заев да ја провери подготвеноста на советникот Марјан Забрчанец да ја извршува својата работа“ додаваат од МАН.

Минимум што очекуваме, како што велат, е да им се укаже дека работа на медиумите е да известуваат секогаш и секаде, а обврска на државата е тоа право да не им го попречува. Се надеваме, порачуваат од МАН, дека ова ќе остане изолиран и последен инцидент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This