НОВИНАРИТЕ СОБРАА ПАРИ ЗА ТРИ ИЗЈАВИ НА ОБВИНЕТИОТ ПРАТЕНИК АРНАУДОВ: Тој утринава, кога му беше побарана изјава им одговори: ,,Давам изјава за 50 евра”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарите, на паузата на судењето за о 27 април лани, собраа 160 евра за да му платат на обвинетиот пратеник Љубен Арнаудов, кој претходно утринава, кога му беше побарана изјава им одговори: „Давам изјава за 50 евра”.

„Господине Арнаудов, повелете, собравме пари за вашата изјава, ќе кажете ли сега дали ќе поднесете барање за амнестија?”, го прашавме по паузата.

„Не, не, јас се шегував”, рече тој.
„Но, вие нè навредивте”, му рекоа новинарите.

„Се смеам јас, сакав само да ве насмеам, немав намера да ве навредам”, рече Арнаудов.


Ова е прво судење за 27 април откако пратениците завчера изгласаа специјален закон за амнестија во врска со настаните во Собранието.

Судењето продолжува по паузата, со дополнителни докази предложени од обвин етиот ексдиректор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

Видео: А1он

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This