Новиот „нинџа“ на Стефанова се посрамоти: Лагите на Алек Тера Нова не издржаа ни половина час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долго подготвуваното сведочење на централниот лик во предметот „Плацеви на Водно“ пропадна уште истиот ден.

Сведокот на Личе Стефанова, Александар Ивановски познат како Алек Тера Нова, беше дискредитиран и делегитимиран од вториот сведок кој излезе пред судот веднаш по него.

Народната „се тресеше гората, се роди глушец“ денеска се одигра во основниот суд Скопје 1, каде „искусниот и ценет бизнисмен“ се правдаше дека ништо не читал и не гледал што потпишува.

Новиот “Нинџа” на ЈО, на општо чудење на јавноста и сите присутни во судницата, самиот призна дека нема ниту еден доказ за тоа што го говори.

Ивановски кој се претставуваше како човек кој долги години работи во градежниот бизнис и ги знае сите детали, започна со тврдењето дека тој самиот стапил во контакт со адвокатот Лазар Бошњаковски кој добил понуда од црногорски државјани за продажба на плац на Водно.

Наводно Ивановски не бил заинтересиран за земјиштето, но тоа во некоја му го пренел на Сашо Мијалков со кого биле пријатели.

Потоа Алек се заплетка во сведочењето, исто како што Нинџа се плеткаше со нарачаните лажни искази за 27 април.

Наводно, Ивановски потоа добил насока од Мијалков да регистрира фирма и да учествува во купувањето на земјиштето на Водно. Ивановски тврдеше дека не знаел за кого е тоа, па само отишол во адвокатската канцеларија “Чукиќ и Марков” каде што сите документи за фирмата биле таму, а тој требало да потпише само едно полномошно и ништо повеке.

Басните кои и ги раскажуваше Ивановски на обвинителката Стефанова и на јавноста траеја до вкрстеното испрашување. Потоа почна препотувањето и барањето на кратки паузи за да може да се соземе.

Кога настапија одбраните на обвинетите, излезе на површина несериозноста и неподготвеноста на “сериозниот” бизнисмен. Пред судот и јавноста се демантираа сите невистини на Ивановски.

Јавноста виде дека Ивановски сам ги купувал плацовите од негови фирми, со негови пари и тој го водел целиот процес како полномошник на фирмата од Белизе.

На почеток Ивановски тврдеше дека бил замолен од Мијалков да оди во канцеларијата “Чукиќ и Марков” само за да потпишел полномошно за основање фирма, бидејќи наводно го чекале таму сите документи, што беше демантирано од сопственикот Серјожа Марков кој сосем спротивно кажа дека немало никакви документи кога Александар прв пат се појавил во канцеларијата и не потпишал ништо. Напротив тие биле подготвени подоцна, откако Алек редовно си контактирал со адвокатката што му го водела предметот.

Иако Ивановски изјави дека тогаш не знаел кој ќе биде управител, правдајќи се дека нема врска со случајот, истото беше целосно негирано пд Марков кој рече дека Ивановски го посочил Ристо Начевски за управител и најавил дека ќе ги донесе сите документи.

Наликуваше на лоша глума и делот од неговиот исказ во кој што наводно и не знаел дека основач на новата фирма е фирма со странски капитал, бидејќи истото се покажа како неточно веќе со следното сведочење каде Марков кажа дека Ивановски точно го информирал за странскиот капитал.

Одбраната на Ристо Новачевски, прво го разниша сведочењето на Ивановски дека тој сами помагал, вадејќи пред судот документ според кој Тера Нова бил полномошник на фирмата Сирах Лимитед од Белизе.

Потоа одбраната го закопа Ивановски предочувајќи му на судот неколку различни документи на кои стои неговиот потпис.

Ивановски не можеше да го одбегне соочувањето со документите и беше принуден да признае дека на сите документи фигурира негов потпис.

Иако пет минути претходно тврдеше дека бил многу искусен и ги знаел сите процедури, почна да се препотува и да се правда дека оставал потписи на бланко листови па не ги знае и не ги видел документите предочени од одбраната.

Целосното делегитимирање на сведочењето на Ивановски следеше со исказот на адвокатот Серјожа Марков чија канцеларија ги водела процедурите околу основањето на фирма Сирах инжинеринг во земјава како фирма ќерка на Сирах Лимитед.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This